Некои наши навики што ги правиме секојдневнo можат навистина да бидат штетни за кожата. Погрижете се да ги избегнувате следните неколку работи за да ја заштитите кожата во иднина.

1

Премногу хлор

Откако ќе излезете од базен, веднаш истуширајте се со сапун. Хлорот кој останува долго на кожата може да предизвика штета.

2

Спиење со шминка

Ова ви е веќе познато, но убаво е да се повтори. Од спиење со шминка може да се насоберат бактерии и да се појават акни.

3

Прескокнување оброци

Доколку не се храните во приближно исто време секој ден, кожата старее побрзо и побрзо се суши. Вклучувајте витамин А (компири), Б3 (кикиритки), Ц (портокали) и Е (авокадо) во исхраната за поздрава кожа.

4

Долго туширање

Долгото туширање со топла вода ја суши кожата и го оштетува горниот слој на епидермисот. Затоа, гледајте да завршите со туширањето побрзо и тоа со не многу жешка вода.

5

Тестирање премногу козметички производи

Кога одите да купувате козметички производи, секогаш пробувајте ги на мал дел од кожата на раката за да избегнете можни алергиски реакции на лицето, особено ако имате чувствителна кожа.

6

Зборување на телефон

Ако сте често залепени за телефонот, можно е да добиете црвенило на лицето, во делот околу вилицата. Затоа, носете си анти-бактериски шамивчиња и повремено чистете го телефонот.

7

Внесување големо количество на содиум

Доколку намалите со внес на содиум кожата ќе ви биде посјајна бидејќи така се одржува природната влажност.

8

Носење валкани очила

Стаклата на очилата секогаш треба да се чистат бидејќи на нив се собираат бактерии кои можат да навлезат во порите на подрачјето околу носот.

9

Често депилирање

Не мора да одите на депилација со восок во моментот кога ќе ви порасне едно влакно. Од пречесто депилирање кожата може да стане рапава, а можна е и појава на модринки. Одете на депилација барем на 3 недели.

10

Недоволна физичка активност

Вежбањето помага во зголемување на протокот на крвта, му дава сјај на лицето и ги чисти токсините. Ако не вежбате редовно можно е да се појават повеќе брчки.

11

Тешка шминка

Одвојте 2-3 дена во неделата кога нема да се нашминкате за да ѝ дозволите на кожата да диши. Ова помага и против прерано стареење на кожата на лицето.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОчила за сонце од Will.i.am
Следна објаваЕдиторијал | Венера во крзна
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР