Најубавите работи во животот не се планираат, се случуваат спонтано, сосема случајно.

Сосема случајно Петар Малинов и раперот Александар Кацарски – Кацар, дел од Токсиколози добиле идеја за оваа песна. Ова е прва официјална песна на Малинов чиј композитор и главен гитарист е Андреј Блажев. Приказната на песната е инспирирана од една неуспешна афера и иронијата дека некогаш материјалното може да остави поголема трага од емоционално. Песната е визуализирана со спот под диригентска палка на Јордан Манов, кој бил задолжен за аудио и видео реализацијата на целата песна заедно во соработка со фотографот Александар Вржалски. Спотот е снимен во Дискотека АКВА во Кочани. За ова да звучи вака биле вклучени и  Тања – главен вокал на бендот Игуана и Магдалена – главен вокал на бендот Шекспир. Текстот е на Кирил Стоименов, а Стефан Миладинов го свири солото во песната додека за аранжманот и другите инструменти главен виновник е Јордан Манов.

40

Уживајте во песната и не заборавајте: материјалното никогаш не ставајте го пред Вашите чувства.

 Потсетете се и на претходните преработки на Малинов. (1) (2)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕсенски стилски инспирации за трудници
Следна објаваКреативни фотографии со Jimmy Choo
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ