Денес ви претставуваме еден интересен маникир кој можете да си го направите дома. Изгледа забавно и уникатно и совршен е ако сакате да направите мала промена. На прв поглед можеби ви се чини како да е комплициран за правење, но откако ќе погледнете како се прави чекор по чекор, ќе се уверите дека всушност е многу едноставен. Погледнете и уживајте во забавата викендов.

Потребни ви се:

Четкичка од лак со остар врв

Кремаст лак

Бел лак

Црн лак

Темно-виолетов лак

2

  1. Прво, средете ги ноктите со ножички и турпија за да ја добиете саканата форма. Нанесете безбоен лак како база, а врз него нанесете два слоја од кремастиот лак.
  2. Нацртајте бели хоризонтални линии. Со четкичката исцртајте четири линии со слична должина. Најкратката линија секогаш треба да биде најблиску до врвот на ноктот.
  3. Исчистете ја четкичката со ацетон и нацртајте темно-виолетови хоризонтални линии кои ќе бидат малку пократки од белите.
  4. Нанесете кратки и долги црни, вертикални линии. Можете да ги нацртате покрај другите линии или околу нив.
  5. На крај, завршете со бели, вертикални линии кои можете да ги ставите покрај црните.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦел животен век на една жена
Следна објаваФилм најава | Волт пред Мики
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ