0

Постојат домови кои освојуваат со оригиналноста и креативниот дизајн, комплетно рефлектирајќи ја индивидуалноста на сопствениците во животниот простор. Еден таков е и овој прекрасен младешки стан со свежи идеи, дело на руското дизајнерско студио I Am Home. Станбениот простор е со површина од 160 метри квадратни, а главната улога во ентериерот ја имаат ефектните детали, избрани со особено внимание и многу вкус. Нискиот модуларен кауч му дава опуштена нота на дневниот престој, a светилката во форма на облак над библиотеката, растегливата светилка крај гарнитурата и лежерно поставената голема фотографија се само дел од деталите кои внесуваат младешка енергија во домот. Во отворената трпезарија, пак, вниманието го привлекуваат аква сините столици, поставени под маркатните футуристички светилки. Кујнските орманчиња на едниот ѕид се ниски, додека другиот ѕид е прекриен со орманчиња во полна висина. Во недостиг на ѕидни шкафчиња, ѕидот е обложен со плочки со дијагонална текстура, поставени во различни правци за феноменален ефект. Во спалната соба, ѕидот е нагласен со насликан мурал, а тапацираниот кревет и килимиот со светол дезен ја облагородуваат приватната зона со мека и комфорна атмосфера. Стаклената врата која гледа од спалната кон дневната соба, и дава компактно чувство и амбиент на поврзаност со остатокот од станот, но погледот лесно може да се затскрие со завеси во миговите кога е потребна интима. Пронајдете ја омилената идеја низ катчињата на овој инспиративен дом!

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕсенски трендови кај шминката
Следна објаваВаршава – европскиот феникс
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ