Да, познато ни е дека во денешни услови читањето книги претставува исклучок во интелектуална смисла. Да се биде активен читател денес е ретка и вредносна категорија – а уште поретки се оние чиј избор се декларира како специфичен и продуктивен. Истото се однесува и на изборот на романи, особено оние кои третираат љубовна тематика. Зошто е добро и корисно да се читаат такви книги?

000

  • Ќе почнеме со едноставна причина: на сите ни е нужно понекогаш да почувствуваме дека таму некаде постои вистинска љубов. А истата сме сигурни дека ќе ја најдеме помеѓу страниците кои живот значат.
  • Потребна ни е тронка надеж, па макар и на хартија. Надеж за себе, за светот, за човечноста.
  • Потребно ни е да се осигураме во нишката среќа која ја восприемаме преку нечие признато перо, инспирирано од нечиј среќен крај. И можноста да сонуваме, охрабрени од нечија судбина.
001
  • Понатака, имаме придобивка на сопствениот речник по основ стилски фигури чие времеетраење се чувствува долго после завршувањето на последната страница. И секако, доволно инспирација за искажување на вистинските емоции, на вистинските личности. Во вистинско време, крајно епски!
  • На крајот, ништо друго не нуди замислена, а толку силна прегратка како завршувањето на добра книга.
002

Некој мудар одамна рекол, „книгите се најпостојаниот од пријателите – тие Ве сакаат додека ги држите во рацете, а доколку ги занемарите на страна, секогаш се расположени да Ве примат назад.“ Никој нема да Ве сака колку што Ве сакаат Вашите книги, колку и глупаво да звучи тоа. Затоа што книгите не се предмети, тие се откинато парче душа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваIKEA со модерни шик теписи! Погледнете како се комбинираат!
Следна објаваШто би купиле принцезите на Дизни за 2015 година
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ