Едно од најголемите имиња во литературата. Од најголемиот мајстор на класиците. Зарем има некој кој не чул барем како завршува трагичната приказна на оваа голема хероина?

Од многуте дискусии, тврдења и анализи, се донесоа неколку заклучоци кои дефинитивно наликуваат едни на други. Ана Карерина е хероина која не знае што сака во животот, Толстој е поддржувач на патријахатот и затоа сурово ја казнува „фрлајќи“ ја под возот.

Често замижуваме пред фактот дека Толстој разглобуба еден проблем кој се уште постои, дури и во модерното општество.

Доколку ја имате прочитано книгата, ќе ја забележите слободата на империјалистичка Русија. Жената е слободна, образована и нејзиниот социјален живот воопшто не зависи од оној на нејзиниот сопруг. Сепак, планираните бракови висат над глава и за нив можеме да речеме дека се осудени и од самиот Толстој. Ана Каренина е ѕвеза не само во трите „друштвени кругови“ во Санкт Петербург, туку и во аристократските кругови на Москва. Таа и нејзиниот маж, Алексеј Александрович, излегуваат во различно време на ноќта и често се враќаат исто така во различно време дома. Да бидеме искрени, ваква слобода ретко се среќава и во денешното општество.

Анализата дека Ана Каренина ја бара својата среќа со Вронски е малку претерана. На почетокот од романот, не изгледа воопшто дека Каренина е несреќна. Таа живее во хармонија со сопругот и го обожава својот син, Серјожа. Чувствата кои се непознати за неа ја присилуваат да се оддели од својот дом.

Зошто Ана Каренина е хероина?

Замижувајќи на озборувањата и борејќи се за животот кој го посакува е вистински за восхит. Ретко кој човек не се грижи за тоа што навистина околината мисли за него. Нејзината храброст е поголема и од онаа на Вронски.

Зошто Ана Каренина не е хероина во очите на некои луѓе?

Сосема оправдано, нејзиниот маж е спремен на се да заборави за да бидат повторно заедно. Алексеј Александрович е посветен, добар и грижлив сопруг и Ана е самата свесна дека не го заслужува. Тој е секогаш тука за неа и нејзините постапки секогаш се наоѓаат само на осуда, но никогаш на нешто посериозно. По смртта на Ана, Вронски оди во Руско-турската војна и нејзиниот сопруг се грижи за нејзиното вонбрачно дете. Е тука веќе може да се дискутиура за патријахатот на Толстој.

Зошто Ана Каренина се самоубива?

Многумина ќе речат дека таа е душевно слободна птица која е затворена во кафезот на моралните вредности од општеството. Но, таа не чувствува никаква потреба да ги оправдува своите постапки пред другите. Можеби затоа што долго време е во општествените води и знае колку матни можат да бидат? Или едноставно и здодеале тие луѓе и нивните осудувања?

Во овој комплексен случај, кој не е баш типичен случај на реализмот, Ана Каренина е птица која сака да биде слободна, е слободна се додека не наиде на решетките на своите стравови. Еден од најстрашните стравови кои го пленат човештвото. Што ако останам сам до крај на животот? Таа одејќи со Вронски го губи семејството и се плаши да не го изгуби Вронски. Страда од патолошка љубомора и станува несреќна. Во најголемиот сомнеж дека ќе биде оставена, таа сфаќа дека во тој случај би била сосема сама и скока под возот.

И Толстој потенцира дека стравот е најголем непријател на човекот.

Како што напишавме во еден поранешен пост,

Доколку Ана Каренина ја опишеме во дванаесет зборови, тоа би изгледало вака:

Среќните семејства се слични, а несреќните треба да се чуваат од возови.

Како Вие го доживеавте овој роман?

СПОДЕЛИ
Претходна објава7 златни совети за патување
Следна објаваПрегратки со својот сопственик
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ