Со оглед на тоа дека на летниот распуст му се гледа крајот, безразлика дали се радувате на тој факт или не; важно е да се предложи успешна стратегија за стартот на учебната година која пред се’, ќе биде корисна за Вашето дете, братче или сестричка, односно внуче или било кој од Ваша близина што се враќа на училиште од 1ви септември. Ќошињата за читање отсекогаш биле атрактивен начин да го наведете или натерате детето да чита, без притоа да назначуваме дали се работи за слободна литература или повторување на последната лекција. Но, сеедно ќе се согласите дека и обете активности се особено важни.

Изработката на одреден простор од домот кој ќе го посветите за Вашето дете, ќе му помогне на истото да се преокупира со други позабавни активности или одвлекување на вниманието, така што првично како идеја за која е потребен мал буџет, ќе Ви треба… завеса, многу перничиња и многу, многу книги! Местото треба да зрачи со удобност и отворен повик за откривање нови светови, запознавање личности кои е неможно да ги сретнете во животниот век и предизвикувачко истражување кое ќе го повика Вашето дете на нова експедиција низ страниците на некоја книга. Во прилог, следуваат неколку примери како би можеле истото да го изведете и дома…

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

1

19

20

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШминка со ликовите од цртаните филмови
Следна објаваНаправи сам | Кроп-топ маичка
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ