Токму во периодот кога попустите напросто Ве привлекуваат од секој агол, секој излог и секоја трета објава по социјалните мрежи и веб-сајтовите и DA се приклучува на низата информации преку споделување на навистина корисна вест: нашите пријатели од издавачката куќа Ars Libris не’ канат да го посетите нивниот штанд на GARAGE SALE во Ramstore Mall – Skopje, со супер попусти на најпопуларните книги од 30%, 50% и 70%! Станува збор за најголемото снижување на нивниот широк репертоар на наслови од популарна и квалитетна природа, вклучувајќи ги и летните хитови, романите и биографиите: секоја вредна, за пониска цена во времетраење од 20-17 август 2014 година.

Концептот на GARAGE SALE е замислен во форма на изложени штандови во самото лоби на трговскиот центар, така што шарените и интересни корици на Ars Libris Ве чекаат веднаш десно кај вториот влез на Ramstore Mall. Се гледаме таму!

.2.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPull & Bear | есен/зима ’14/’15
Следна објаваКаков татко, таков син
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ