Независно од фактот што познатите и големи умови сепак биле малечки пред да се прослават и покажат на светот во вистинско светло, важно е да се напомене дека големината на Steven King, Ian Fleming, Francis Bacon, Dan Brown, Herman Melville и ним сличните; во книжевниот свет сепак претрпеле воспитание од своите родители и блиски, слично на агнедотата „не е важно ако твоите зборови го обележаа периодот во кој живееме, важно е дека сепак мора да ја изедеш супата од зеленчук што половина час ти стои во чинијата“. Креативецот на многу полиња, Јurgen Wolff го прикажува истото на доста интересен начин, преку серијата стрипови со наслов „Детството на познатите писатели“ каде поставените ситуации навистина го отсликуваат нивниот стил и начин на живот.

Јurgen Wolff е истовремено писател, уметник, дизајнер, режисер, инструктор; неговиот сајт www.TimetoWrite.com е зборно место на палетата негови интереси кои вклучуваат книги, театар, филм, цртање и сликање, карикатури, анимација, разговори, патувања, фотографија, маркетинг, креативно пишување и работилници. Во прилог, може да погледнете 7 од неговите карикатури посветени на големите книжевни имиња, додека биле деца.

1

2

3

4

 

5

 

6

7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМинхен | Кралот на Баварија
Следна објаваСлатко пријателство помеѓу малата Либи и нејзиното прасенце
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ