Еден писател живее неколку животи паралелно…

2..

Познато е дека големите книжевни имиња во своето досие вклучуваат и доста чудни, повремено девијантни навики; додека изборот за локација погодна за пишување секогаш важела за значаен аспект на инспирацијата и квалитетот на пишувањето. Земајќи ги во предвид овие параметри, се чини дека сите писатели, независно времињата и влијанијата, копнеат за свои сопствени, приватни светилишта на зборот. За сите припадници на книжевниот свет, подолу следува една фото-листа на литературни оази кои целат кон тоа да Ве инспирираат да сепарирате катче во Вашиот дом, посветено на книгите. Дури и само да читате, со време ќе се навикнете да напишете нешто во Вашето мини библио-студио, каде ќе се повлечете во сопствено друштво и ќе се потрудите сите оние приказни кои живеат во Вас со 100км на час, да ги сплотите во една приказна.

  1. Модерното студио за пишување сместено во Белпорт, Њујорк е во прилог на овој историски дом. Авторот никогаш не посакал природна светлина на своето биро, спакувано со ескпанзивен прозорец чија привилегија е поглед на околната шума. Килибарно-акцентираната соба исто така вклучува и библиотека и соба за дневен престој.1.
  2. 1
    Изградена во почетокот на минатиот век, во Дурам, Северна Каролина – омилената локација на Николас Спаркс (кој не е во врска со оваа приказна или фотографиите) ова место првично служело како монтажна клиника, пред да стане книжевно студио. Преработка во чест на минатата структура со додавање на современ допир, со сурово дрво и осветлување – се препишува на Arrowhead Designs.
    2.
    2
  3. Семејството кое дизајнира заедно, останува заедно – описот кој се врзува за студиото во Виламет, Орегон. Истото му припаѓа на еден професор по филозофија, кој е истовремено познат писател; додека дизајнот на студиото е дизајн на неговата ќерка. Студиото е еколокшки комплексно, со северозападна поставеност на прозорците и звучна дијафрагма на просторот поради засилување на звуците од дождот и собирање на водата во слив каде живеат малечки влекачи и водоземци.3.
    3
  4. Антрополог, етно-боталичар, фотограф и писател кој поседува вонсериска библиотека во облик на купола која лебди врз неговото еклектично студио. Просторое е дизајниран да личи на древен храм, со уникатна форма со инспиративна позадина за прикажување на фасцинантната историја од неговите патувања.4.
    4
  5. Виксонсин е совршено место за сместување на студио од ‘рѓосан челик, меѓу дрвјата и минималистичката структура на ова бегство за пишување е сплотено со природата – проектантите оддаваат почит кон традиционалната архитектура на селето, со кораво дрво и стаклени фасади, чиј резултат е зачудувачки и едноставен.5.
    5
  6. Биро во висина на прозорците помага да имате пред очи се’ што се случува дома, затоа што студиото е прилепено за домот, само неколку чекори од влезната врата. Со оправдан ескапизам во приватност, Вашиот бележник Ве чека за попладневно пишување и неколку чкртаници со пенкалото, поради корекција.6.
    6
  7. Сличните на Хемингвеј ќе бидат привлечени од овоа минималистичко, мажествено студио за пишување: надворешноста е лесно вклопена во околната шума, каде оџакот укажува на топлината од ентериерот со под од орев и громогласен камин. Прозорците без рамки укажуваат на прекрасните пејсажи.7.
    7
  8. Овој дизајн пружа поглед во студиото на еден писател кој се сместува во комплекс на склупторски челични столбови, накде во близина на Алпите. Уживање во осаменоста лоцирано во место кое пружа преиспитување за начинот на живот и животни фукции, со соба која произведува совршена клима за пишување.8.
    8
  9. Утешителен дизајн, погоден за иновативно размислување е само неколку чекори оддалечен од домот на овој писател, во еден двор во Лондон. Surman & Deane го создава дизајнот на ова студио, со чувство на пријатност и широки отвори и печка на дрва, со стаклен преден ѕид маргинално засенчен со вертикален екран.9
СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтрип посветен на Робин Вилијамс
Следна објаваНиз улиците на Сингапур
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ