„Вчера заклучив дека не сакам да умрам. Целиот свој живот чувствував дека не требаше да постојам. Дека сум грешка.“

2

Кога баба ми ми рече: Твојата мајка беше добро се додека те доби тебе. И поверував.

Кога татко ми ми рече: Не можам да се разведам од мајка ти бидејќи таа ќе го има старателството врз тебе. Му поверував.

Кога мајка ми ми рече: Ме предизвикуваш да те удрам. И поверував.

Јас верував дека моето раѓање ги затвори во живот кој постојано ги труе. 

Доколку е грешка што сум тука, тогаш треба да надоместам за моето постоење. Се додека сум тука треба да сум корисна.

Тоа што моето постоење ги уништи животите на моите родители.

Затоа работам толку вредно, за да го оправдам фактот дека сум жива.

3

Гледањето филмови во нашата соба беше единствената активност во која моето семејство уживаше во мир. Пораснав гледајќи ги Shelley Duvall, Steve Martin, Bill Murray и Robin Williams на изнајмени видео касети. Нив ги сметав како проширено семејство, како далечни тетки и вујковци.

Фактот не е дека јас секогаш сакав да се самоубијам.

Јас сум многу чувствителна и ми се гади од само-нанесена повреда или болка. Не можам дури да гледам кога добивам инекција.

Јас само сакав да престанам да постојам.

4

„Нешто како автомобил да се појави веднаш пред мене, или срцето наеднаш да престане да ми чука. Тоа звучеше во ред за мене. 

Јас ја сакам мојата работа, јас ја сакам мојата заедница, и јас го сакам мојот маж.

Но доколку постоеше копче кое само би можела да го притиснам и тоагаш пуф, како едно трепнување да го избрише моето постоење, без двоумење ќе го притиснев.

Пред неколку месеци му реков на сопругот дека не сакам да живеам повеќе. Пред неколку месеци јас посетив психотерапевт. Минатиот месец се вратив на антидепресивите.“

5

Понеделникот, за прв пат по 31 година, јас не сакав да го притиснам копчето. Вторникот разбрав дека Робин Вилијамс се самоубил.

Јас знам дека сите прават јавен спектакл за оплакување на познатите.  Јас знам дека неговите пријатели и неговото семејство се оние во вистинска болка. Јас знам дека јас не го знаев него лично. Но, боли.

6

Боли дека ти не си тука повеќе. Боли дека ти беше дел од мојот живот и намерно си го одзеде својот. Денеска сфатив дека доколку самоубиството на човек кој никогаш не сум го запознала може да резултира како лична болна загуба, колку полошо би се чувствувале моите  пријатели и моето семејство доколку ме загубат мене?

Јас не сум „излечена“. Јас ќе имам лоши денови. Јас ќе сакам некогаш да го притиснам тоа копче.“

7

Но јас треба да сум тука. Јас треба да бидам жива. Јас сакам да живеам.

– Ерика Моен

Стрипот го превзедовме од 9GAG. Сметаме дека е навистина инспирирачки што еден фан на Робин Вилијамс ја пронаоѓа вистинската причина за живеење. Ние знаеме дека понекогаш доаѓаме до точка на животот кога мислиме дека нема излез. Застанете, вдишете длабоко и храбро продолжете. Постојат многу луѓе кои се грижат за Вас. Само во некои моменти не можеме на нив да се сетиме.

Се извинуваме за грубиот превод.

Имајте убав ден!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЈубилејно десетто издание на Моден викенд Скопје
Следна објаваПисателско студио | 9 примери за бегство
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ