Во понеделничната панична еуфорија, кога се консумира кафе повеќе од вода, си рековме, зошто да не Ви ги претставиме најубавите кафулиња во светот?

1. The Vintage Emporium, Лондон

2

Вистинско кафуле за вистинските фанови на радикалниот викторијански стил. Можеме да се согласиме дека е типично за Лондон. Она што не е типично, е античкиот бутик во кој дамите можат да пробаат некое парче од викторијанската мода. Не постои поносталгично место на светот каде можете да си го понесете својот лап топ и да работите во пријатна атмосфера. Во позадина ќе го чуете звукот на старите добри плочи, а можеби и од носталгичност ќе ја пуштите „да врти“ Вашата омилена.

1

3

5

6

2. Hotel Central & Café, Копенхаген

7

Кафуле и хотел во една малечка куќичка? Да, тоа е најмалечкото кафуле во овој град, со само пет столови внатре и една спална соба на горниот спрат. За да се задржат ретро работите колку што е можно повеќе, не постои веб страна на која може да се резервира. Единствено преку телефонскиот број на сестрата од сопственичката со име Гранола: +45 33 25 00 80.

8

3. Lily Vanilly, Лондон

9

Себично држено во прегратките на источен Лондон, ова малечко кафуле во винтиџ стилот може да се пофали со вкусни мафини кои се барани тука повеќе од кафето. Пријатната и позната клиентела нека не ве збунуваат. Тука сопствениците се знаат со речиси сите свои муштерии.

10

4. L’oisiveThé, Париз

11

Доколку сме искрени, ова е повеќе куќа за чај отколку кафуле, но кофеинот е и во чајот, па не ја очекуваме Вашата замерка. ;) Сместено во Butte au Cailles, тука освен чај можете да си купите и волнени плетени работи.

12

13

14

5. Snickarbacken 7, Стокхолм

15

Кога сме кај ентериерот, типично скандинавски. Кога сме кај уметноста, каде на друго место сте виделе кафуле со неверојатни слики закачени на ѕидовите. Да, кафуле и галерија. Две во едно. За да е мистичноста уште поголема, влезот на кафулето е скриен во една малечка улица. Тука брзо ќе ви минат часовите.

16

17

18

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСликање на дрво | Audrey Kawasaki
Следна објаваAgent Provocateur | Провокативни 70ти
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ