Се убедуваме самите себе дека животот би бил подобар кога ќе стапиме во брак, кога ќе добиеме дете, па уште едно дете. Исфрустрирани сме затоа што децата не се доволно големи, сметајќи дека ќе бидеме задоволни кога ќе пораснат. Потоа, исфрустрирани сме затоа што немаме работа, дека сигурно би биле посреќни кога би ја имале. Си велиме дека животот би ни бил комплетен кога нашиот партнер ќе се опамети, кога ќе купиме убава кола, кога ќе бидеме во можност да отидеме на убаво патување.

Правата вистина е дека не постои подобар момент за среќа од овој момент. Ако не сега, тогаш кога?

Вашиот живот секогаш ќе биде исполнет со тешкотии. Најдобро е тоа да си го признаете себеси и секако да одлучите да бидете среќни. Среќата е правиот пат. Затоа чувајте го секој момент кој го имате, и чувајте го уште повеќе затоа што сте го поделиле со некој посебен, доволно посебен да би го поминале времето со него…..И запомнете: времето никого не чека.

Затоа престанeте да чекате…

Да ја отплатите колата
Да купите нова куќа или автомобил
Да продолжите да студирате
Да ги завршите студиите
Да изгубите 10 кг
Да се здебелите 10 кг
Да се ожените/омажите
Да добиете деца
Да дојде лето
Да дојде пролет
Да дојде зима
Да дојде есен

Нема подобар момент за среќа од овој. Среќата е пат, а не цел.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКапчиња за оваа зима
Следна објаваСоздавање на херојот | Miguel Engara
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР