„Постојат неколку нешта во рајот и Земјата, Хорацио“ – кои не се повеќе барани од билетите за да се види Benedict Cumberbatch во улога на Хамлет. Фановите на Шекспир и (можеби малку повеќе) на Шерлок вчера започнаа да купуваат онлајн билети за меланхоличниот дански принц во London’s Barbican theater, претстава која се ќе одржува од почетокот на август до крајот на октомври – следната година. Август-октомври 2015 е резервиран за засега продадени 34.000 билети, така што статистиката вели дека овој интерес го надминува интересот за “On the Run” турнејата на Бијонсе и Џеј Зи.

Оваа вест предизвикува поделени емоции – најпрвин, радува фактот што сепак модерниот умствен капацитет на популацијата сепак знае да препознае добар квалитет и да се избори за својот удел во истиот; но од друга страна разочарува бидејќи од старт се одзема секоја шанса некој друг да биде дел од истото. За тоа, театарот претпоставува слободни 100 седишта за секоја претстава кои ќе чинат по 10 фунти. Режисерот Danny Boyle и предходно соработува со овој актер, на адаптацијата на „Франкенштајн“ на Мери Шели, за сепак да се одржи на класичниот стил и да ја интерпретира тежината на Вилијам Шекспир. За „да се биде или не“, секако ќе се избере Бенедикт да го оживее Хамлет!

1

2

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMalangeli | Лобутинки инспирирани од Анџелина Џоли
Следна објаваНеколку изреки од Робин Вилијамс
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ