Моментално во Гангам, Сеул се наоѓа најубавата новоотворена библиотека која е посветена на патувањата, со цел да го поттикне авантуристичкиот дух кој читателите го црпат од книгите. Со помош на компанијата за кредитни картички Hyundai Card и дизајн-студиото Wonderwall, проектот за Hyundai Card Travel Library станува реалност и станува дом со отворени врати, на преку 15,000 книги од областа на патувањето, архитектурата и фотографијата.

Атмосферата на овој простор кој инспирира потсетува на искуства од патувања, на без број мали светови скриени во книгите, кои допрва треба да се откријат. Со дрвени панели во пространата билиотека, со авиончиња кој се закачени на таванот и дисплеји фиксирани на ѕидовите. Машина за билети исто така, е инсталирана во библиотеката за да допринесе на стилот и спонтаноста читателите да купат карти до нивната литературна дестинација. Ако се сеќавате што кажа Толкин, дека „не сите кои трагаат се изгубени“, ќе се сетите и што значи патувањето…

.1. .2. .3. .4. .5. .6. .7. .8.

СПОДЕЛИ
Претходна објава17 летни комбинации за 17 денови | Olivia Palermo
Следна објаваНаправи сам | Множество модни додатоци
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ