Стилот на Оливија Палермо отсекогаш бил во центарот на вниманието на сите модни критичари и љубители на модата. Секогаш облечена соодветно на пригодата, со совршена шминка и фризура и префинетост во целокупниот изглед, не е ни чудо што многумина ја нарекуваат модна икона на 21-от век. Популарната девојка реши да ни покаже какви комбинации има во нејзиниот летен плакар и со тоа да ни даде идеи како да го подобриме нашиот стил. Погледнето го нејзиниот избор од 17 комбинации за на работа, на плажа, во град, каде и да сме, за 17 денови.

1

Изгледот за првиот, вториот и третиот ден се состои од бели и сини нијанси, како и кариран дезен на облека од лесни материјали, во придружба на неизбежните очила за сонце и мала чантичка. Фризурата и шминката се дискретни, а чевлите во зависност од пригодата се ниски или високи.

2

За четвртиот, петтиот и шестиот ден, Оливија избра покреативни комбинации, во нијанси на бела, крем и зелена боја. Кратките панталончиња и долгиот фустан се со високи потпетици, додека за шестиот ден Оливија избра краток тексас- комбинезон со балетанки. Фризурата овојпат е врзана, во бохо- стил, а целиот изглед е надополнет со голема чанта и модни додатоци.

3

На седмиот, осмиот и деветтиот ден ја гледаме Оливија во едно поелегантно, женствено светло со бело фустанче со чипка, костум со панталони во жолта боја и комбинација од дезени на шарена кошула со здолниште до над колената. Сите три комбинации се во придружба на накит и високи потпетици.

4

Следните четири комбинации се разновидни, од лежерен, тропски изглед  за преку ден,  до елегантни црно-бели принтови за навечер, во придружба на летен шешир. Од модни додатоци има уште и очила за сонце и чанта.

5

И последните четири комбинации на модната дива се состојат од женствено фустанче, мешавина на црно- бели дезени со точки и плик- чантичка и морнарски стил со голема чанта во последните два изгледи. Во сите четири Оливија носи штосни ниски чевли.

Како што видовте, комбинации има многу, само треба да се препуштите на креативноста и да се водите од сопствениот стил. Не се плашете да експериментирате со бои и дезени и секогаш дајте свој печат на она што го носите. Само така ќе бидете запаметени секаде каде што ќе се појавите. Уживајте во она што ни останува од летото. (:

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа најдобрите пријателки
Следна објаваБиблио-патување | Hyundai Card Travel Library
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ