Можеби е изненадувачки, но овој град не е сместен во прегратките на ладната кралица Шведска, или принципиелната Швајцарија. Срцето Клуж чука во блиската Романија. Изненадени сте? Немојте. Романија има дефинитивно премногу да понуди, во духот на архитектурата, а за мистериите и легендите да не ни почнуваме. Од „следбениците“ на Дракула, се до врколаците кои ги опседнуваат темните шуми во Трансилванија.

Клуж дефинитивно е град кој е морално да се најде на Вашата листа со омилени дестинации. Наведовме само неколку причини. ;)

1) Најпрогресивниот град во Европа.

Тука, нема место за дискриминација од било каков вид. Клуж е местото каде можете да бидете потполно свои, а да не наидте на апсолутно никакви стереотипи. Истражувањата покажаа дека доколку се одлучите да се преселите тука, Клуж ќе ве дочека попријателски отколку било кој европски град.

2

2) Град кој може да се пофали со најчистиот воздух во Европа.

Што може да се каже повеќе? Чистиот воздух несомено ќе Ви годи, а предноста е тоа што не мора да направите изолационо бегство во планина, каде на Вашите пријатели баш и не им се оди.

3) Град со најквалитетна храна.

Клуж може да се пофали со свежа храна на секој метар, благодарение на повеќето од 100 села во околината. Маркетите се полни со органска храна, а ги има и во огромен број.

11

 4) Клуж живее за уметноста, филмот и музиката.

15

Наречен „плодно земјиште на сите идни ѕвезди од сферата на уметноста“ од страна на New York Times, Клуж може да се пофали со исклучително добри филмови, насликани дела и многу добра музика. Посетата на „Electric Castle“ е повеќе од задолжителна за сите фанови на музичките фестивали.

16

5) Клуж има убав стар град и одличен ноќен живот.

13

Самиот факт дека секој 4ти жител е студент му ја дава на градот младоста, а прекрасниот стар град и тоа како ги повикува историчарите на уметноста. Ноќниот живот е на солидно ниво. Град во кој се вклопуваат и конзервативните родители, заедно со своите деца, слободоумни тинејџери.

14

6) Животните трошоци се двојно помали отколку во Западна Европа.

Цените се слични на нашите, што престојот во Клуж нема да ви создава главоболки.

7) Клуж е главен град на Трансилванија.

Кога ќе се спомне дека сте го посетиле главниот град на Трансилванија, очекувајте многу воодушевувања и прашања од типот, Дали тамо запознавте врколак? Дали во секој локал има чешне лук?

Убавината на овој град е недопрена, изолирана, како да сте во утопично општество, креирано од писател со мека душа. Ова е вистинскиот Клуж, настрана од митовите!

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУбави и во зима
Следна објаваУште еднаш, за најдобрите пријателки | Ива Китановска
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ