Во последно време, сè повеќе луѓе почнуваат да користат производи за нега на лице и тело директно од природата, а има и зошто. Лесно се достапни, не чинат многу пари, а имаат чудесни својства кои позитивно влијаат на кожата и косата. Еве неколку такви производи кои ги имате дома, а можеби не сте знаеле дека се делотворни.

6

Млеко

Познато е дека млекото има благопријатно дејство на кожата. Следниот пат кога ќе ја наполните кадата со вода, додајте ½ литар топло млеко. Млечните масти и белковини делуваат против брчките, ги уништуваат мртвите клетки, даваат хидратација на сувата кожа и ја оставаат мазна подолго време. За да биде ефектот поголем, додајте и неколку капки етерично масло од лимон.

2

Краставица

Поради тоа што содржи доволно количество на калциум, фосфор, пантотенски киселини и витамини, маската од краставица ја освежува уморната кожа и ги осветлува пегите од сончање. Доколку не сте љубител на маски, можете да си направите органски крем или тоник. Сокот од краставица исто така делува против токсините. Измешајте 10 мл сок од алое вера и краставица и оставете ги еден ден во фрижидер. Со овој тоник секое утро третирајте го подрачјето околу очите и темните кругови со тек на време ќе ги снема.

3

Мед

Една од состојките која највеќе се користи во козметиката. Козметичките производи на база на мед ја хранат кожата и ѝ даваат влажност преку целиот ден. Исто така, маската од мед делува против брчките. Зашеќерен мед е погоден за пилинг на телото, а особено на устата и не ја оштетува чувствителната кожа. Пред да нанесете кармин, измешајте мала количина на мед и шеќер и со тој пилинг измазнете ги усните.

4

Чоколадо

Чоколадната маска е многу популарна благодарение на антистресните својства на чоколадото. Елементот фенилетиламин, кој го содржи чоколадото, предизвикува проток на крв на горните делови од кожата при што сите станици се снабдуваат со доволно кислород. За ублажување на стресот, измешајте 50 грама темно чоколадо и пулпа од еден портокал. Нанесете ја на лицето и оставете ја 15 минути.

5

Вода од роза

Ова е стар рецепт за хидратација на кожата, посебно во летните денови кога сме на сонце. Ваквата вода е направена од ливчиња од роза и делува слично како лимфна дренажа, ја намалува отеченоста и ги поттикнува регенеративните ткива. Делува и како заштита од сонцето и УВ- зраците. Неколку ливчиња од роза прелијте ги со 2-3 чаши прочистена вода и загрејте ја смесата на тивок оган околу 1 час. Откако ливчињата ќе ја изгубат бојата, ова средство може да се користи како тоник.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтуденти на Оксфорд пеат песни од Шакира
Следна објаваФото на денот | Мостот на воздишките
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ