Tucker 48 | Конечно на пазарот

Автомобил кој дефинитивно можеше да им конкурира на Mustang и Cadillac. И со дизајн и со преформанс. Американскиот сон на малите претприемачи, конечно се пронајде на денешниот пазар на култните ретро автомобили. Тогашниот сон кој произлезе од гладта за нов, специфичен дизајн, конечно се реализира.

2

Само 51 модел беа направени од семи-урбаниот The Tucker 48 пред фабриката официјално да ги затвори вратите во 1948. Во периодот на пост-воена Америка, по завршувањето на Втората Светска војна, тројцата гигантски производители на автомобили во Детроит, General Motors, Chrysler и Ford стагнираа со иновацијата уште од 1941-та, кога САД се приклучи во војната. Оптимистична шанса за амбициозниот Preston Tucker да заземе доминантно место во иновативната индустрија за тоа време. 

3

Наречен „автомобил од иднината“, специфичен е по средната светилка на својата предница. Покрај несекојднавниот изглед, оваа светилка овозможува појасно осветлување на патот, меѓу неосветлните агли. Во тоа време, во 17 од државите на САД беше забрането да се возат автомобили со повеќе од две светилки на предницата, но за да се реши тој проблем се произведоа „прекривачи“ од фабриката.

4

Почетоците на дизајнот и првата „вожња“ ;)…

5

6

7

Денеска од 51 модел, имаат 47 „преживеано“. Од следниот месец, еден од нив излегува на продажба со цена помеѓу 1.4 до 1.6 милиони американски долари. Дефинитивно секој цент вреди за овој иконски убавец.

8

9

10

11

12

13

14

15

16 17

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Офелија“ во поинаква верзија на брод
Следна објаваСтуденти на Оксфорд пеат песни од Шакира
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ