Латинскиот кварт – Гери Ван Хас

961_2_37_10__24__3_2014Latinski kvartКолоритна корица и име кое привлекува – од авторот на „Икона“ доаѓа ново книжевно остварување кое е објавено во 2012 година и кое создава документарен приказ на најфасцинантниот период на почетокот на минатиот век; истиот оној период кога Париз е исполнет со боемите од калибарот на писатели, уметници и интелектуалци на своето време. Истиот останува да важи за најпознатиот креативец и прогресивен период на уметноста во целина.

Во центарот на Латинскиот кварт е младиот Шпанец: самоуверен и арогантен, а во суштина премногу чувствителен. Добар син и прекрасен пријател, Пабло Пикасо каков што никој не го знае. Менување на постоечкиот уметнички тек, пружање нова димензија наспроти традиционалната која беше поставена од Матис, Реноар, Моне; преку неприфаќaње до доведување на својата перцепција кон уметноста на апсолутно ново ниво.

„Циркуски изведувачи, поети, писатели, актери или уметници. Нашите страдања се исти. Ние сите сме исмевани и маргинализирани од општеството.“

Полето на уметноста повеќе никогаш нема да е исто. Книгата започнува со опис на ‘Les Demoiselles d’ Avignon’ од Гертруд Штајн – силната дама која целиот свој живот ги поддржувала уметниците и која сигурно си ја замислувате како улогата доделена од Вуди Ален во „Midnight in Paris“. Приказната ретроспективно се преместува во Шпанија, каде се откриваат почетоците на фасцинантната историја на младиот Пабло… една смрт и една непребол се акумулира во вознемирениот Пабло и што се рефлектира преку неговите слики. Академијата за уметност во Барселона е негова следна дестинација, на негови 16 години, за 3 години подоцна заедно со неговиот најблизок пријател Карлос да се качи на воз за Париз. Таму се пречекани од Дон Луис Коста, чичкото на Карлос кој ги сместува во Латинскиот кварт и ги прави зависни од живиот здив на овој дел на градот. Убави жени, алкохол и многу инспирација се карактеристични за овој период на творење, каде Пабло се запознава со бројни и значајни писатели и новинари – од ковот на Аполинер и Макс Јаков; се соочува со голема конкуренција затоа што борбата е жестока, сечиј уметнички израз агресивно копнее да го пронајде своето место во градот на светлината. Една проблематична женска фигура и уште еден женски лик, кој ќе биде негово спасение. Сликовит опис на неговите периоди по боја, секојдневните грижи и изборот речиси секој проблем да го удави во чашата апсинт, без да попушти од својата надменост и самодоволност. Како вистинска дефиниција на уметник. Бездруго, уметник пред своето време.

,,Градот продолжил да расте, се проширил на двете страни од реката. Десниот брег станал центар на трговијата; левиот брег, со Универзитетот на Париз и Grande Ecoles станал интелектуален центар. Просторот около Сорбона го нарекле Латинскиот кварт, бидејќи латинскиот јазик преовладувал на тој Универзитет во средниот век.“

Она што е интересно за „Латинскиот кварт“ е тоа што нема да сретнете премногу наративен тек на неговата биографија, затоа што книгата се обидува хронолошки и документарно да го прикаже неговото творештво без да одземе на вредност (туку на квантитет) од неговиот приватен живот. Можеби скромно од тој аспект, но доста исполнето со ликови и детали, со визуелизирање на сметка на читателот за сите уметнички агли на вечниот Париз. Формирањето на овој млад гениј чија емоционална и конкурентска борба се отелотворува во неговата ескцентричност и уникатност, со револуционерност која храбро води кон официјален зачеток на кубизмот и за жал, почеток на Првата светска војна. Потретирање на недостигот од индивидуализам и победа врз стравот од непознатото и различното е поентата на овој автор – довербата во себе и неотстапувањето од себеси еден ден ќе Ве запишат во историјата.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерен стан со зеленило
Следна објаваНајдобрите модни аксесоари видени низ улиците
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ