Еве една интересна идеја за љубителите на благо. Се прави многу брзо и лесно и идеално е кога немате многу време за десерт, а сакате да се засладите.

2

 Потребно ви е:

350 грама темно чоколадо

2-3 шољи слатка павлака

2 лажици ликер од цреши (може и црвено вино)

1-2 лажици вода

3

Во тенџере за фонду искршете го чоколадото на парчиња,  додадете ги слатката павлака, ликерот од цреши и водата и мешајте со дрвена лажица на тивок оган додека сè убаво не се растопи.

4

Доколку немате вакво специјално тенџере, можете истово да го направите и во обично тенџере, па да го сервирате во друг сад. Оваа доза може и да се зголеми во зависност од тоа за колку луѓе се подготвува десертот.

5

6

Идеи за сервирање има многу. Наш предлог е со сечкани јаболка и јагоди, цреши или крофнички. Изборот е ваш. Добар апетит!

7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВелосипед во чанта
Следна објаваКако изгледа Вашето Shelfie?
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ