Модерната паралела на The Taming of the Shrew со потпис на Шекспир успеавме да видиме, да се насмееме и да се разнежниме со култниот филм од 1999 година, „10 работи што ги мразам кај тебе“ во суштина, е стара веќе 15 години. Доколку не успевате да се сетите на филмот, само ќе Ве потсетиме дека сигурно се сеќавате на Heath Ledger во улога на лошо момче во средно училиште. Веќе се разнежнивте? Филмот може да го погледнете во секое време, додека ние денес избравме да се потсетиме на поемата која што Кет ја напиша за Патрик: иако се повеќе од 10 работи, искрената љубов не знае за делење.

.1.
„Го мразам начинот на кој разговараш со мене и начинот на кој ја шишаш косата.
Го мразам начинот на кој го возиш мојот автомобил и мразам кога зјапаш.
Ги мразам твоите големи чизми и начинот на кој ми ги читаш мислите.
Те мразам толку многу што ме боли и што ме прави да римувам.
Го мразам начинот на кој секогаш си во право. Мразам кога лажеш.
Мразам кога ќе ме насмееш, дури полошо, кога ќе ме расплачеш.
Мразам кога не си тука и фактот што не ми се јавуваш.
Но, најмногу мразам што не те мразам, дури ни блиску, ни малку, најмалку…“
СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Кога сонцето се „љуби“ со морето
Следна објаваСпектакуларна куќа на Медитеранот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ