HEMINGWAY

„Се’ што треба да направите е да напишете една вистинита реченица.
Напишете ја највистинитата реченица што ја знаете.“

– Ернест Хемингвеј

                „Пишувањето, во својата најдобра верзија, е осамен живот“ – рече г-дин Хемингвеј во својот краток и незаборавен говор во 1954 година при примање на Нобеловата награда за книжевност. Хемингвеј е роден на 21 јули 1899 година, додека книжевниот свет цела недела го слави неговиот роденден преку споделување негови цитати, фотографии од неговите книги и размена на ставови околу темите што се елабоирани во неговите дела, односно организирање на книжевни собири каде што главна улога има наследството што го остави овој великан.

Во „Попладневна смрт“, издадена во 1932рата, тој раскажува за емоционалниот и духовниот интензитет на чистата и класична убавина која му послужила како длабока инспирација за неговата уметност: неговите славни дела каде што тој нуди безвременска мудрост за дисциплината, достоинството и вештината на пишување. Хемингвеј ја признава комбинаторната природа на креативноста и забележува дека истата има витално значење во човековото знаење и делување; која исто така е наједноставно позајмена и асимилирана преку уметноста на набљудување и будност кон светот што авторот го нарекува свој.

„Еден добар писател треба да знае што е можно повеќе. Нормално е да не знае. Еден доволно голем писател се чини дека е роден со знаење. Но, тој реално не е, туку само бил роден со способност да учи во побрз сооднос со текот на времето во споредба со другите луѓе и без свесна примена, со интелигенција за да прифати или одбие се’ она што му е понудено како знаење. Постојат извесни работи кои не можат да се научат брзо и времето кое е се’ што имаме, треба да се посвети на нивно стекнување. Тие се наједноставните работи и затоа што е потребно еден цел човеков живот за да ги дознае и да добие подарок од животот кој е скап и кој треба да го остави во наследство. Секој роман кој е вистинито напишан придонесува на вкупното знаење кое стои на располагање на следниот писател кој доаѓа; но следниот писател мора да плати, секогаш, одреден номинален процент во искуство кое ќе биде разбирливо и кое ќе може да го прифати она што е на располагање како вродено право и она што мора за возврат, е да преземе по заминувањето на неговиот предходник.“.

И така, книжевниот круг на создавање наследство се врти. Она што Ернест Хемингвеј го остави на светот е со непроценлива тежина и значење, повеќе од доволно вредно за да го исплаши секој нареден писател при обидот да создава и секој нареден одличен писател да се труди еден ден неговите зборови да личат на ова големо книжевно име.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФризура | Долг боб
Следна објаваМал стан со големи соништа
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ