Целисходната уметност на уживање во книгите со ретроспективна тематика тенденциозно зависи од она што го барате во историските романи: доколку сте во потрага по приказна со епска широчина која ја следи линијата од раѓањето до умирањето на дадена историска личност заедно со сите точки на живеење, тогаш би биле разочарани од Версај опишан од перото на Дејвис. Својствo на епизоден и некохерентен начин на креирање приказна, наклонетоста на оваа авторка кон исклучителни сцени говори за нејзината интелектуално вооруженост со знаење за односниот период – деталниот документарец кој во својот центар ја позиционира контровернзната млада кралица Антонија, подоцна Антоанета, изобилува со реална инспирација и фиктивна драма во емотивните настани.

„Тоа е чудо, навистина, дека било кој од кралските деца се раѓаат за да бидат кралеви и кралици. Но, можеби нема верзија на детство која соодветно може да Ве подготви за таквата, конкретна иднина.“

Бесцелно во техниката да се наруши хедонистичкиот идеал изграден за Марија Антоанета низ годините, приказната на Дејвис тргнува и се одвива долж перцептивниот агол на самата аристократка, како наследнична на долга лоза која треба да се омажи со благородник од свој ранг. Во насока на тоа, таа се упатува кон Версајскиот дворец… недалеку од фамата на безвременскиот Париз, секогаш првичен избор за најмаркантните историски случувања. Случајност или не? Испратена да го модифицира текот на историјата помеѓу Австрија и Франција, со речиси 14 години таа дефакто се метаморфозира во сопруга и господарка на благородниот двор – за подоцна, на свои 19 години, да стигне до престолот како кралица. На моменти оцрнета во ретроспективните дескрипции како површна личност чија егоцентричност доминира над сфаќањето за понежниот пол, овој роман претставува смирувачко истражување на настаните на начин кој овозможува да влезете во нејзината глава; да ја оправдате нејзината самодоволност, да ја пофалите во конзумирањето земски благодети, како и да ја почувствувате тежината на нејзината круна. Ова е вистинската Марија Антоанета: жена пред своето време, владетелка која го цени животот.

Сепак, зошто мора да биде тажен крајот на привилегијата“, ќе праша таа… „освен фактот што крајот секогаш е тажен кога нешто завршува засекогаш“.

Свесна за изминувањето на годините, младоста, убавината. Како и славата и имунитетот. На почеток, особено весела, интригантна, иритантна и бунтовна. На крај, разочарана, деморализирана и прогонета… желна за ништо друго освен егзистенција. Ова е Марија Антоанета запаметена во историјата. Моделирана во поетична приказна која плени и засмејува со своите 120 страници, примамува со сарказмост и острината на размислување на една млада жена која го заслужила своето место во легендите, нетипично за историска тема создадена од современ автор – гарантира 100 процентно уживање дури и за оние читатели чии преференции ја заобиколуваат историската драма. Запознајте ја и запаметете ја најконтроверзната кралица во рамки на Франција… засакајте ја или замразете ја, но никако не си дозволувајте да останете инфериорни на нејзиното реално постоење…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВраќање на модата | Lilah Ramzi
Следна објава25hours | Ланецот на хотели во европскиот дух
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ