Кога Carol Rossetti, графичкиот дизајнер од Бразил започна да објавува дел од своите илустрации со мотивациона содржина посветена на жените, најмалку претпоставуваше колку популарни ќе станат истите. Слично на феноменот со уличната уметност или цитатите со кои случајно се сретнуваме секој ден, секоја од илустрациите правеше жените да се поистоветуваат со сопствената приказна или приказните на нивните сестри, мајки, пријателки, колешки. Правеше истите да посакаат да ги врамат во нивните домови или канцеларии, да ги видат на билборди за да стојат како потсетници на афирмацијата и автономијата на женските индивидуи.

Тоа отсекогаш ми пречи, обидот на светот да го контролира женското тело, однесување и идентитет. Тој вид на угнетување е толку длабоко вгнездено во нашата култура што дури луѓето не умеат да го увидат, колку сурово може да биде“, вели Carol Rossetti. Импресивната палета на искуства нуди покривање на повеќе теми кои ги мачат жените, претставени преку лик и проблем, како и совет, односно пренесување на начин како да се изборите против секој вид на омаловажување или притисок. И покрај виралноста на овој проект, важно е да се потенцира дека истиот започнат доста лично – толку лично, што авторката се` уште се двоуми како да го наслови. Во меѓувреме, илустрациите се преведени од бразилски на англиски јазик, а достапни се и на хебрејски, шпански, руски, германски и уште јазици во најава.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

Оваа инспиративна презентација на глобална солидарност носи голема уметничка порака: Carol Rossetti е јасна на било кој јазик. Нејзините илустрации се верни на себеси, почитувањето на другите и преиспитување на оној тип општество кое ни диктира што можеме да прифатиме и што се смета за убаво. „Јас самата не би можела да го променам светот“, вели таа – „но, јас би сакала да знам дека моето дело направило луѓето да ги разгледаат своите привилегии и да бидат поотворени за разбирање и меѓусебно почитување“.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваУникатни свадбени фотографии
Следна објаваОхридско лето | MozART Group – стринг квартет
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ