Најверојатно и самите сте биле во ситуација да се помислите 2 пати пред да платите висока цена за тренди парче облека, кое на денешниот репертоар неслучајно е кимоно – слатко, елегантно и претерано летно, денес Ви нудиме начин да го имате во Вашиот плакар преку Направи сам опцијата. Можеби кројот нема да биде совршен или материјалот ќе Ви послужи за 2-3 излегувања; но, за помалку од еден час концентрација и користење на игла и конец ќе имате неверојатен исход.

Потребно Ви е:
– голема свилена марама со цветен принт
– игла и конец
– ножици

 1
1. Свиткајте ја марамата на половина и поставете ја обратно на подот, со фалта на врвот.
2. Измерете 60 см и обележете со игла. Нека биде што поблиску до спојот, каде што ќе треба да зашиете во права линија. Тука треба да оставите отвор за едната рака.
3. Повторете го истото на другата страна, со што ќе оставите отвор и за другата рака.
4. Измерете каде е средината на марамата, според нејзината широчина и пресечете со ножици до самиот врв.
5. Зашијте ги рабовите на последниот отвор на средина.
6. Вашето кимоно е спремно за носење!
СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа оние со пишувачка мисија, од Окри
Следна објаваКреативни селфи фотографии во огледало
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ