„Вистинското патување за откривање не е во барањето на нови предели, туку во нови очи.“

– Марсел Пруст
Во 1880тите години, еден од најголемите автори на сите времиња со подоцна признаен статус одговори интересен прашалник создаден од неговата пријателка Антоаета (ќерка на тогашниот француски крал) како дел од нејзиниот „албум на исповеди“, односно подоцна познат како тинејџерски лексикон. Овој популарен тест е сума на вкусови, ставови и преференции – едноставни прашања кои целат кон искрени одговори. Оригиналниот ракопис на Пруст не бил откриен се’ до 1924 година, 2 години по неговата смрт. Овој месец, книжевниот свет го слави роденденот на големиот автор (10. 07. 1871) истовремено славејќи го неговиот прашалник. Денешната верзија на овој прашалник, објавен од страна на James Lipton и пренесен преку Vanity Fair, заедно со одговорите на бројни познати личности кои ја красат последната страница на ова списание е достапна подолу.
Во 2009 година, списанието ја објави книгата „Vanity Fair’s Proust Questionnaire: 101 Luminaries Ponder Love, Death, Happiness, and the Meaning of Life“ каде што културните икони на новото време дадоа прекрасни одговори, игриви и длабоки. Во прилог, следува прашалникот кој е отворен за секој од Вас да го одговори на свој начин. И запомнете што Пруст порачува погоре..
1
Која е Вашата идеја за совршена среќа?
Која е Вашата најуникатна особина?
Што сметате за Ваше најголемо достигнување?
Кој е Вашиот најголем страв?
Со која историска личност се идентификувате?
На која личност највеќе и` се восхитувате?
Кои се Вашите херои во вистинскиот живот?
Која особина највеќе ја осудувате кај себе?
Која особина највеќе ја осудувате кај другите?
Какво е Вашето совршено патување?
Што сметате дека е преценета доблест?
Кој збор или фраза го/ја користите премногу?
За што се каете најмногу?
Како се чувствувате моментално?
Ако може да измените нешто кај Вашето семејство, што би било тоа?
Што е она највредното во Ваша сопственост?
Што сметате дека е најниско ниво на мизерија?
Каде би сакале да живеете?
Што е Вашето омилено хоби?
Што најмногу цените кај мажите?
Што најмногу цените кај жените?
Вашите омилени имиња?
Вашето мото?

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНе правете селфи додека возите
Следна објаваЖивописни масички за кафе
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ