Веста за 50те BookBench склуптури во Лондон што беше широко прифатена не само од Британците, туку од целиот свет визуелно ја постигна својата слава преку социјалните мрежи и медиумите – полека, но сигурно, на интернет осамнаа неколку интересни фотографии, кои комбинирани со фотографиите од нивниот сајт ја најавија Јавната аукција која ќе се случува на 7ми октомври 2014 година во ексклузивниот Southbank Centre.

За сите заинтересирани, независно дали се работи за учество, поставување понуда или чисто појавување како посетител – адресата auction@literacytrust.org.uk е отворена за регистрација. Сите приходи ќе бидат наменети за National Literacy Trust, добротворната организација која е посветена на подигнување на нивото на обесправените деца и младите луѓе во Велика Британија, во поглед на писменоста. Во прилог следуваат неколку примери кои ги отсликуваат најголемите британски книжевни дела – од Шекспир до Бриџит Џонс!

1

2

3

4

5

6

7

8

9 10 11 12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDolce & Gabbanа | Модели на хелиум
Следна објаваМоќни фотографии за загадувањето од човекот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ