Дали и Вам Ви досадуваат многуте лица кои бедата на животот ги принудува да просат? Запознајте го Philani Dladla од Јоханесбург, Јужна Африка – 24 годишниот библиофил кој живее на улиците на овој град. Наместо да проси за да преживее, тој продава книги со цел да заработи за живот. Оваа љубов помеѓу него и книгите се раѓа додека тој се бори со зависноста од дрога преку книги за само-помош и така тој станува своевиден книжевен амбасадор и пример за младите луѓе.

Може да го најдете на тротоар, на клупа или додека се шета по улиците носејќи книги: книжевен скитник кој не секогаш ја носи својата експанзивна библиотека со себе. Како тој собрал толку книги за да ги продаде? Благодарение на едно видео-интервју минатата година, каде што Philani Dladla ја раскажува својата приказна, привлекува многу луѓе од книжевниот круг да се воодушеваат на неговата љубов и познавања за различни автори и романи; така што многу од нив донираат и стари и нови наслови со цел да му помогнат. Додека тој им продава книги на возрасните, на децата им ги нуди бесплатно – истиот вели дека се надева на збогатување на нивните умови и ширење на позитивно влијание, стоејќи на ставот дека „читањето не е штетно, нема ништо штетно во знаењето. Ова може само да Ве направи подобри личности“, додавајќи од сопствено искуство.

2

3

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФотографирање на брановите
Следна објаваРецепти за тапас
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ