Ако сте во потрага на некој совет за тоа како да го живеете животот до максимум, тогаш послушајте го г-дин Буковски, големиот американски мајстор на пишаниот збор – автор, поет, раскажувач, романсиер и вечен трагач по смислата преку својот нефилтриран став околу светот поврзан со се’, од уметноста до смртта. Со теми кои ја опфаќаат историјата на нанижаните искуства на страдалниците и расипниците во урбаниот американски живот, во своите дела нуди доста совети за тоа како да ги трошите Вашите денови за да живеете максимално добро. Во прилог, следуваат неговите најпознати цитати.

1. Не се сместувајте на едно место.
Го сакав или целиот свет или ништо“ – не би требало да се спогодите со животот за ништо помалку од она што навистина го заслужувате. Стремете се за најдоброто и не прифаќајте ништо освен она што ќе Ве направи исполнети и среќни.

2. Сакајте се себе.
„Никогаш не запознав друг човек како кој би сакал да бидам. И дури да сум во заблуда, јас сум голем среќник“ – никој не е совршен, во тоа сме сигурни. Но, нема потреба да се растажуваме околу тоа: престанете со само-критика и покажете љубов кон самите себе.

3. Живејте го животот целосно.
„Она што е страшно не е смртта, туку животот на оние што не знаат да живеат“ – сакате да го посетите Шангај или да летате со падобран? Ако никогаш не сте го сториле тоа, секогаш е добар тајминг! Имате само еден живот, па зошто да не го искористите додека не е премногу доцна?

.2.

4. Не плашете се од болката, бидејќи без неа не би знаеле да ја цените среќата.
„Мора да умрете неколку пати пред навистина да може да живеете“ – болка, тага, лутина, фрустрација, анксиозност. Навистина негативни чувста поради кои може да си предизвикате болест. Едно нешто запомнете: само ноќе може да ги видиме ѕвездите и само поради темнината го цениме денот.

5. Бидете свои и уникатни. Бесрамно изразете се независно што правите.
„Подобро е да правите досадни работи со стил, отколку опасни работи без него“ – без страв кон тоа да бидете свои. Чарлс Буковски секако не се двоумеше околу ова: исто како и самиот тој, секогаш покажете ги Вашите вистински бои и покажете ја Вашата фанстастична личност. Не се преправајте дека сте нешто што не сте, кога само пред себе треба да принесете сметки.

6. Посилни сте од што мислите.
„Понекогаш ќе се извлечете од креветот наутро и ќе си помислите дека не сте способни за ништо… но, ќе си се насмеете на себе, присетувајќи се на секој пат кога сте го помислиле истото“ – животот е полн со потешкотии, ова сигурно сте го искусиле многу пати. Сепак, без оглед на тоа, денес сте тука и се гордеете со многу достигнувања во Вашиот живот, нели?

7. Не плашете се од смртта.
„Јас ја носам смртта во мојот лев џеб. Понекогаш ѝ дозволувам да излезе и разговарам со неа: „Како си душо, кога доаѓаш по мене? Јас ќе бидам спремен“ – смртта е неизбежна, па зошто би се грижеле за неа? Наместо тоа, искористете го времето за искористување на предностите кои Ви се дадени и за кои би зажалиле во клучниот момент.

.3.

8. Имајте доверба во себе.
„Проблемот со светот е дека интелигентните луѓе се полни со сомнежи“ – се плашите, а се’ што треба да направите е да ги споделите Вашите вистински таленти со светот. Кога би имале комплетна самодоверба би биле изненадени колку голем потенцијал лежи во Вас.

9. Постојат многу полоши работи од осаменоста.
„Има полоши работи од тоа да се биде сам, но треба да поминат децении за човек да го сфати ова и најчесто, кога сфаќа е премногу доцна и тогаш нема ништо пострашно од фактот дека е предоцна“ – лесно е да се исплашите од самотија, додека во друштво да се чувствувате заштитени. Но, она што навистина е поголемо зло е да не бидете свесни да си го цените времето за себе, правејќи работи кои навистина В исполнуваат и радуваат.

10. Животот се случува цело време, не го сфаќајте премногу сериозно.
„Понекогаш едноставно, мора да мокрам во мијалникот“ – неочекуваните и луди работи се обврзани да Ви се случат во животот. Не целите кон совршенство и следење на правилата затоа што нема поента во преголемата сериозност. Не би сакале да ја испуштите сета забава!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Сладоледно задоволство
Следна објаваDior | Fusion патики
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ