Покрај неопходноста, а не луксузот што ни го нуди интернетот на дневна база – често го користиме за истражување на идеи и пронаоѓање инспирација. Ако тоа некогаш се правеше преку книги и списанија, олеснувањето кое ни го донесе „www“ е од бесценети размери. Така почнува приказната за соработката од која произлегува видеото погоре: од барање инспирација за личен проект, Emanuele Colombo ја наоѓа илустративната статистика на Drake Martinet и бара дозвола од него за да создаде анимирана верзија за истото. Идејата е прифатена и така се раѓа „Доказ дека сме сродни души“.

Овој проект доживува неверојатен вирален успех, со тоа што е прегледан преку половина милион пати на Vimeo пред да биде закачен на You Tube. Погледнете го и насмејте се слатко – дали Вие ја пронајдовте Вашата сродна душа?

1

2

3

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛето во домот
Следна објаваМагичните врати
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ