Магична светлина во вашиот дом

Ако сакате да го освежите вашиот дом со нови светилки, денес имаме идеално решение за вас. Полскиот уметник Prezmek, исто така познат и како Calabarte, создаде прекрасни модели на африканскиот музички инструмент – gourd (направен од украсна тиква), за да подоцна истите ги употреби како глави на светилки за амбиентално светло. Кога ќе ја вклучите светилката, светлината доаѓа преку вешто изрежаните пукнатини на тиквата и ја претвара собата во магично место од соништата.

Prezmek студирал градежништво, па дури и работел во архитектонско студио во период од 3 години. Сепак, после 7 години студии, тој одлучува дека дизајнирањето светилки е неговата вистинска страст, па се откажува и од неговата работа и од студиите. Тој патува дури до Сенегал, за да донесе оригинални примероци од африканските инструменти, кои се главен материјал за изработка на фасцинантните  светилки.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШанелови “соништа за бегство”
Следна објаваConverse графити натпревар во ГТЦ
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР