Историската ретроспектива која неретко, предизвикува неинтерес при изборот на роман овој пат не игра ама баш никаква улога. Едно од ретките пишани достигнувања базирани врз британската контроверзна историја која дефинитивно го остава читателот без здив, имено зошто го перцепира скандалозниот Хенри VIII од сосема поинаков агол, жртва на ривалитет помеѓу две сестри – се работи за шармот на двете ќерки на Болејн, чија сестринска драма ги надминува аферите и алчноста за моќ, патријархалноста околу нивното воспитување, како и беспоштедната војна за срцето на актуелниот престолонаследник на династијата Тјудорови.

Можеш да се смееш кога срцето ти е скршено бидејќи си жена, придружничка и англичанка. Тоа се три причини за да бидеш најизмамничкото суштество на Земјата.

Едната предводена од искрените емоции на млада девица, додека другата ја користи својата остроумност за да ја задоволи сопствената алчност, додека Британија тоне во неуспехот на нејзниот државен врв. Бездруго, неопходно е да се напомене дека овој ривал во дворот на Тјудорови им е принудно наметнат на обете, Мери и Ана, притиснати од домашната незавидна атмосфера и интригите на нивниот манупулативен вујко. Како ќе ја поднесат грижата на совест двете млади дами и како ќе се затвори љубовниот триаголник е прашање на личен избор – анти-конзервативноста не била никогаш појасна отколку во зенитот на 16тиот век…

Секоја може да привлече голем човек. Трикот е да го задржиш.“

Императивот на главното дејствие во драмата на семејството Болејн е… колку е потребно да се згази сопственото достоинство? „Јас сум родена за да бидам твој ривал“, едноставно рече Ана. „И ти мој, Мери. Ние сме сестри, зарем не?“. Дали нагоните на човека успеваат да го надвладееат она највредното, најсветото, најблиското – ништо поблиско и поесенцијално од крвните врски.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПатувачка библиотека
Следна објаваИзвадоци од стихозбирка "Темјанушка"
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ