„Биди храбра, но не невнимателна.“

Збирката ракописи со наслов „Она што го знам сега – Писма до моето помладо јас“ покрај многуте автори, во себе има едно писмо со потпис на Маја Ангелу – не помина долго откако тажната вест за нејзиното заминување од светот на живите го обиколи светот. Која е среќата во оваа несреќа? Нејзините зборови остануваат да живеат без страв од спрегите на општеството, времето и притисоците на публиката. Нејзините маркатни зборови ќе живеат во нејзините теми за домот, припадноста и самодовербата кои стојат во центарот на нејзиниот книжевен израз. Во прилог, следува нејзиното обраќање до помладата верзија на себе, како совет кој треба да го послуша секој млад човек.

Драга Маргарет,
Тежнееш да бидеш своја. Ти не сакаш некој да ти каже кое време треба навечер да се вратиш дома или како да го гледаш твоето бебе. Ќе треба да ја напуштиш големата удобна куќа на мајка ти и таа нема да те сопре, бидејќи те познава премногу добро.
Но, слушни го она што таа ти го вели:
„Кога ќе излезеш од оваа врата, не дозволувај некој да те воспитува – зошто ти си веќе воспитана.
Знаеш да разликуваш правилно од погрешно.
Во секоја врска што ќе ја создадеш, ќе треба да покажеш подготвеност да се прилагодиш и да направиш адаптација.
Запомни, секогаш може да се вратиш дома.“
Ќе појдеш дома повторно кога светот ќе те притисне долу или кога ти ќе паднеш долу поради твојот поглед на свет. Но, само за две или три недели во еден момент – мајка ти ќе те погледне и ќе ти го спреми омиленото јадење составено од црвен грав и ориз. Ќе создадеш навика почесто да одиш дома, за да може таа повторно да те ослободи: еден од најголемите подароци што ќе ја негува твојата храброст што таа ќе ти ја даде.
Биди храбра, но не и невнимателна.
Чекори гордо, каква што си.
Маја

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛежерни макси фустани за топли летни денови
Следна објаваЅвезден океан во домот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ