„Полошо е да не се направи ништо, отколку да се направи погрешното нешто.“

Поуката што ќе ја извлечете од она што го иницира Потер – соништата се остваруваат во овој комедичен и модерен римејк на најголемата љубовна бајка која го фаворизира најпознатиот ерген од кога датира литературата. Емили Олбрајт, менаџерка во една книжарница за која таа смета дека го издржала тестот на времето, млада Њујорчанка која тргнува од ставот дека поголема е веројатноста да го сретнете Папата во ноќен клуб отколку нејзе – по одбивањето на поканата да се помине дочекот на Новата година во Мексико со нејзината најдобра пријателка, Емили се упатува на литературна ескурзија посветена на нејзината омилена авторка Џејн Остин, што значи 7 дена во Британија. Без момче, без обврски.

„Ви звучи неверојатно? Секако дека Ви звучи. Но, можеби ние треба да веруваме во нешто неверојатно од време на време…“

Побудата поради која Емили се наоѓа во автобус полн со старици за кои практично, не постои друг маж освен главниот херој на „Гордост и предрасуди“ е нејзината низа од фијаско-состаноци. Во автобусот неслучајно е заталкан Спајк Харгривс, новинар во лондонскиот Daily Times чија задача е да открие што е толку фасцинантно и привлечно во еден обичен фиктивен лик. Случајно, од самиот старт единствените млади луѓе на ова патување влегуваат во кавга: поттикнати од сопствената гордост, и двајцата се скриени позади рачно изработен ѕид на предрасуди. Во целиот реален хаос, Емили често се среќава со нејзиниот г-дин Совршен, кој мистериозно се појавува и на истиот начин исчезнува. А тој е, ни помалку, ни повеќе, туку самиот г-дин Дарси. Понесена од восхитот и заљубеноста која ја обележува уште од нејзината 20та година, Емили по десетина години се наоѓа во непосредна близина со совршениот маж, кој е воздржан и самоуверен до крајност, држи пристојна дистанца од датата, ги поседува сите манири познати на светов и е неверојатен џентлмен. Откако г-дин Дарси необјасливо заминува на сред разговор, средба, романтика со Емили, таа повторно се пронаоѓа себеси во фактичка кавга со Спајк. И додека другите жени ја пронаоѓаат смислата на (веќе изминатиот) живот, Емили дува џоинт во текот на најлудата ноќ, добива отказ поради болест на нејзиниот шеф и завршува со Спајк во ужасна караница, навредувајќи го при што тој принудно се заминува од турата.

„Затоа што ќе запознаеш некој поуникатен од било кого што веќе го познаваш. Кој ќе те сака најдобро што знае. И кој ќе те привлекува толку многу што ќе се чувствуваш како никогаш да не си сакала некого предходно.“

Дали Емили ќе остане заробена во фиктивниот свет во слатката романса во г-дин Дарси (за која подоцна ќе се испостави дека не е ни приближно слатка) или ќе ја побара вистинската љубов во реалниот свет? Дали како и сите хероини на Остин, таа ќе се поистовети со цврст и непоколеблив став, штитејќи го својот интегритет на секое поле или ќе си остане девојката која не умее да направи разлика помеѓу Chanel N*5 и Glade освежувач за простории? Останува да проверите и да уживате во финалниот напис на Daily Times.

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Извини“ | Нова реклама на Pantene
Следна објаваСе отвори концептуалната Lotus Design Store
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ