Убава вест за припадниците на возвишениот, книжевен круг на читатели од Македонија – како и секоја година, Издавачки центар ТРИ за ова лето се грижи да ги изненади своите читатели со тоа што ќе им пружи лето за паметење. Веднаш погодувате, станува збор за Летниот фестивал на книгата – 0д 20 јуни до 20 август следува понуда на многу нови наслови, попусти до 70%, како и дружење со нивните екслузивци заедно со најдобрите и најпродаваните автори од македонската и од светската книжевна сцена, како и можност да се ужива во книга под ведро небо.

 Која е идејата на книжевно лето според ТРИ? Вистинско освежување се најавите за новите наслови, пет на број:

  • Роман за прељубата од хит-авторката Исидора Бјелица;
  • Патот кон величественоста од добро познатиот Робин Шарма, нестрпливо очекувана;
  • Човековото тело од извонредниот Паоло Џордано,
  • Бело-црвен свет од Дорота Масловска, младата авторка која ја размрда светската книжевна сцена со смелиот израз и контроверзноста; како и романот
  • Љубов од Лоранс Плазне, добитник на Европската награда за литература.

Покрај ова, богатата понуда ги вклучува и другите нивни бестселери и најбарани наслови, сите со попуст до 70%. За вистинско летно уживање, оваа година ТРИ ја отвора и својата прва книжарница под ведро небо. Ако на летните освежувања им нема крај, спремете се за следново: плажата Куба Либре во Охрид, од оваа година Ве кани на летен одмор каков што отсекогаш сте замислувале – убава плажа, жешко сонце, студен коктел и добра книга в рака!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПа што ако ме остави?
Следна објаваЉубовен хаштаг за сплотување на срцата
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ