Цркви претворени во семејни куќи

Последниот проект на познатата компанија “Zecc Arhitecten” е необичен, па можеби и малку морничав. Имено, оваа компанија која е позната по своите чудни решенија во областа на архитектурата, претвори две стари цркви кои се наоѓаат во Утрехт, Холандија во стилски семејни резиденции. Ентериерот на овие “куќи” е апсолутно прекрасен, но сепак се прашуваме дали е пријатно да се прават секојдневни работи во некогашна црква?

Некои мислат дека не е во ред да се користи куќата на Бог на таков начин, но според “Designboom”, стотици празни цркви се расфрлани низ цела Холандија, а од 1970 година повеќе од 1000 цркви се затворени од страна на локалната самоуправа. Скоро 1/3 од овие градби со текот на времето се распаднаа. Затоа, повторното користење на црквите е единствен начин тие да се зачуваат од забот на времето и да останат да сведочат за историјата на градот. Па што велите вие? Би живееле ли во црква?

Residential Church XL

 

Church of Living. Utrecht, Netherlands

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНакит од Барби кукли
Следна објаваКратерски езера – Карапинар (Турција)
Пишувајќи за уметноста, успешно се грижи за шарената страна на животот, за категоријата која ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Ставовите и принципите ги креира како резултат на вечната битка помеѓу традиционалното воспитување и либералната наклонетост кон новото време.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР