,,Денот и ноќта се споени на начин на кој само неколку работи се сврзани; едното не постои без другото, а сепак не можат да постојат истовремено… Знам како е да бидеш ден и ноќ, секогаш заедно и засекогаш одделени.”

,,Те сакам. Јас сум кој што сум поради тебе. Ти си секоја причина, секоја надеж и секој сон кој сум го имал и без разлика на тоа што ќе се случи со нас во иднина, секој наш поминат ден заедно е најубавиот ден во мојот живот. Секогаш ќе бидам твој.”

„Би сакал да  можам да ти речам дека се ќе работи за нас и да ти ветам дека ќе сторам се што можам за да се случи тоа. Но ако никогаш веќе не се сретнеме и ако ова е навистина збогум, јас знам дека ќе се видиме пак во друг живот. Ќе се најдеме пак и можеби ѕвездите ќе бидат поинакви и ние ќе се љубиме не само во тоа време туку за сите времиња што сме ги поминале. “

Ако постои нешто што може да се каже повеќе на тема првата и неповторлива книга на Николас Спаркс – човекот кој истовремено е омилен и омразен меѓу припадниците на читателската култура, тогаш е содржано во оваа аудио-верзија на ,,Страници за нашата љубов”. Една од најубавите современи приказни, напишаната судбина на Ноа и Али во формат кој може да го преслушате додека работите, додека одмарате. Ве уверуваме дека и да не Ви се допаѓа стилот на Спаркс, ќе зажалите ако ја одминете оваа приказна.

Ако и тоа не е доволно, ќе Ве мотивираме со:

„Јас сум само обичен човек, со обични мисли… “

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативна постелнина за деца
Следна објаваЛетен тренд – костими за капење со висок струк
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ