Се сеќавате на констатацијата дека еден детинест гест може да го спаси светот? Со мала помош од неговиот татко и донациите собрани преку интернет, 9 годишниот Кен од Филипините ја смести во графата „исполнети сништа“ инсталацијата во неговиот дом која служи како засолниште за кучиња-бездомници. Замислата на Кен потекнува од масовниот пораст на убиства на кучиња преку шинтерските служби и соседствата, така што нивниот преголем број на улиците едноставно го прави невозможно згрижувањето од страна на организациите за заштита на животните. „Би сакал да спасам онолку кучиња колку што можам, од тоа да бидат убиени без причина“, вели малиот херој.

Иако Кен сакаше да ги засолни кучињата само на определено време, односно додека не им најде дом – споделувањето на фотографиите каде што тој игра, ги храни и се грижи за нив станаа вирални на сите социјални мрежи и луѓето од целиот свет ја поддржаа неговата идеја и му пружија финансиска поддршка за да си го исполни сонот. Сега, неговото засолниште пружа храна, лекови и љубов за кучињата и се надева дека ќе им најде сопственици што ќе им го пружат истото. „Татко ми ми рече дека ќе ми треба многу пари и можеби 20 години за да го создадам засолништето“, објаснува Кен – „но, постојат добри луѓе кои ми помогнаа да им пружиме ветеринарна помош, квалитетна храна и покрив над главата. Кучињата добија на телесна тежина, раните им беа излекувани, а нивното крзно повторно сјаеше. Тие исто така, научија дека не треба да се плашат од луѓето“, додава ова дете од кое сите треба да земеме пример.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд | Бои на лакови за ова лето
Следна објаваПрекрасна преработка од Acoustic Groove
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ