Основното правило при градењето на секоја манекенска кариера е висината, па грациозноста, можноста за трансформација и елеганцијата. Но, во модниот свет постојат модели кои го „прекршуваат“ тоа правило, а се светски познати и дел од кампањите и ревиите на најдобрите модни куќи. Ви претставуваме дел од нив.

Cara Delevigne

Cara која во моментов е една од најпознатите манекенки е висока само 173 сантиметри. Има една анегдота од почетоците на нејзината светска кариера кога нејзиниот агент пробал да ја внесе на ревија на Louis Vuitton, при што била отфрлена по коментарот на Marc Jacobs, „Што бара џуџево тука?“.

1

Kate Moss

Легендарната Кејт е висока само 170 сантиментри. Нејзината појава ја освојува публиката насекаде и затоа е најпопуларниот модел на светот.

1

Devon Aoki

Еден од најинтересните ликови на 90тите, дел од кампањите на Versace, Chanel, Kenzo, Moschino, Fendi, запаметена по култните фотографии на Nick Knight. Висока е само 165 сантиметри.

3

Camille Rowe

Честопати на насловната страна на францускиот Elle, дел од кампањите на Chloé, Alda, Dior Homme, H&M и Victoria’s Secret со висина од 170 сантиметри.

4

Amber Rose

Поранешната девојка на Kanye West, препознатлива по своите облини и детска платинеста фризура со висина од 170 сантиметри беше заштитно лице на Smirnoff и на насловните на магазините King и Elle.

5

Liberty Rose

Liberty со своите 167 сантиметри беше дел од кампањите на Burberry, Emmanuel Ungarо и Jimmy Choo, а и редовно е дел од ревиите на Alexander Wang.

6

Emily Ratajkowski

Emily не е дел од модните писти, но ја гледавме во спотот “Blurred Lines”, Rag & Bone кампањата, британскиот Vogue и C.R. Fashion Book. Висока е 170 сантиметри.

7

Selita Ebanks

Висока само 170 сантиметри редовно е дел од шоуто на Victoria’s Secret. Беше и дел од кампањите на Tommy Hilfiger, Ralph Lauren, Abercrombie & Fitch и Levi’s. Се појавува и во краткометражниот филм на Kanye West “Runaway”.

2010 Victoria's Secret Fashion Show - Runway

Laetitia Casta

Француската преубава манекенка со своите 167 сантиметри редовно е дел од кампањите на Dolce & Gabanna, има договор со L’Oreal, беше ангел на Victoria’s Secret, на насловните страни на Elle, Vogue, i-D, а работела и за Givenchy, Robert Cavalli и Vivienne Westwood.

10

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваProud to Play – кампања за еднаквост во спортот
Следна објаваBooks about Town | Лондон 2014
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ