Филмот ја интерпретира приказната за Хронос, преку персонификација на време и неможноста да се реализира љубовта кон смртничка – сцената вклопува серија надреални слики на Дали, во танцов ефект и метаморфоза. Целото производство на филмот започнува во 1945 и трае 58 години додека го достигне својот финален изглед како соработка помеѓу Волт Дизни и Салвадор Дали. „Destino“ е всушност, продукција на Дали и Џон Хенч, кој е опишан како „сенишна фигура“ помеѓу двата маркантни лика на уметноста.

Извесно време, проектот постоеше во форма на тајна; задачата на Дали беше да се изработи 6 минутна секвенца од комбинирање анимација со живи танчери низ специјални ефекти, каде ликовите се во отворена борба против времето, против гигантскиот сончев часовник кој произлегува од големото лице од камен на Јупитер, кој ја одредува судбината на сите човечки приказни. Дали и Хенч умешно создадоа нова анимирачка техника како филмски еквивалент на параноичката критика на големиот уметник. Метод инспириран од работата на Фројд од аспект на потсвеста и вклученоста на скриени и двојни слики. Дали ќе рече:„Забавата ја нагласува уметноста, нејзините можности се бескрајни“, додека за заплетот на филмот, тој вели дека тоа е „едноставна приказна за една млада девојка која е во потрага по вистинската љубов“.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКуќа на изгрејсонцето
Следна објаваЊујорк | Живот во моментите
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ