1

Одамна заклучивме дека помалку значи повеќе во животниот амбиент, а скромните димензии не се ограничување за убав и функционален дом истовремено. Се’ што ви е потребно е креативност, паметен распоред и вкусно декорирање, за дури и најмалиот стан да го претворите во катче од соништата. Доколку ви недостига инспирација, овој мини стан ја има добитната формула. Иако располага со мала површина од само 32 метри квадратни, освојува со кокетниот дизајн и мноштвото интересни решенија во просторот. Несекојдневно пријатен, свеж и атрактивен, умешно балансира помеѓу стилскиот изглед и удобноста на ентериерот, постигнати со внимателно осмисленото уредување. Со оглед на скромната квадратура, направен е добар план за нејзино максимално практично искористување. Во една отворена целина обединети се дневниот престој и спалната соба, додека во друга засебна просторија, веднаш до влезот сместени се кујната и мини трпезарија крај прозорецот. Белата боја е доминантна во секое катче – во бело се бојадисани ѕидовите, таваните и старите дрвени подови, а во комбинација со светлите нијанси на остатокот од опкружувањето се покажува како одличен избор. Во целиот стан е постигнато чувство на пространост и светлина, и игривите акценти во весели тонови внесуваат динамика и позитивни вибрации во ентериерот. Секој агол има своја практична намена, а просторот не е нималку задушен, туку сосема спротивното – делува многу опуштено, лежерно и релаксирано. Со црно-белиот контраст, пругастиот дезен на трпезариските столици и драматичниот мозаик постигнат е атрактивен ефект во кујната, а цветните аранжмани и украсните билки го облагородуваат просторот со свежина. Декорот е минималистички, но мошне ефектен, шармантно потврдувајќи дека добриот вкус може да се спакува и во минијатурно издание. Станот располага и со мала, но солидно екипирана бања, а недостигот од сопствен балкон надоместен е со живописно катче за опуштен престој надвор од зградата. Нам многу ни се допаѓа, а вам? Инспирирајте се!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17 18

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНавики кои се штетни за кожата
Следна објаваКуќа на изгрејсонцето
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ