Ако не сте задоволни со својот тен и кожата на лицето, можеби се виновни навиките за кои не сте свесни дека ви прават штета.

Агресивни гелови и лосиони

Иако во теорија се чини дека постојаното миење со гелови ѝ годи на мрсната кожа, во пракса тоа не е така. Геловите и лосионите уште повеќе ја сушат кожата и ја оштетуваат природната масност. Се препорачува користење на гел со млечни киселини кои ги поттикнуваат липидите кои пак, се добри за заштитниот слој кожа.

Недоволно сон

Знаеме дека вечерното спиење влијае на расположението и на метаболизмот, но влијае и на кожата. Ако не спиете доволно, освен што ќе ви се направат темни кругови под очите, вашиот тен ќе стане поблед и кожата ќе почне да создава слободни радикали кои предизвикуваат стрес.

Close-up of a young woman sleeping

Памучни навлаки

Кога сме кај сонот, треба да напоменеме дека памучните навлаки оставаат траги низ годините, особено кога колагенот почнува да се распаѓа. Се препорачуваат свилени или сатенски навлаки кои се понежни за лицето. Ако сте склони кон акни, навлаките треба да ги менувате барем еднаш неделно, бидејќи ја насобираат нечистотијата.

Спиење со шминка

Една од најголемите грешки што ја прават жените е што не го чистат лицето пред да си легнат. Шминката навлегува во порите и ги проширува што доведува до појава на брчки. Оваа лоша навика може да предизвика и разни воспаленија.

A make up bag and cosmetics

Премногу производи

Сите си имаме свои навики за убавина, но ако користиме повеќе производи одеднаш кожата  се иритира и оштетува. Ако вашата кожа е чувстителна или често се воспалува, најверојатно сте претерале со нега. Идеално би било доколку пилинзите и серумите ги користите во комбинација со средства наменети за смирување на кожата.

Често телефонирање

Не е дека не смеете да зборувате на мобилен, но обидете се тоа да го правите поретко, односно користете ‘speaker’ кога можете. На екранот се лепат разни бактерии, па би било добро да го исчистите одвреме-навреме. Самиот притисок на лицето, од било каков предмет, го задржува маслото и предизвикува акни.

6

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСончева куќа за одмор
Следна објаваСветлина и комфор во 32м2
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ