Кога за првпат беше објавено дека популарниoт козметички бренд  MAC ќе соработува со славните Кели и Шерон Озборн, имаше многу идеи како таа колекција би можела да изгледа.  Идеја конечно стана реалност, а ако ги земеме предвид љубовта на Кели кон бојата на лаванда и рокенрол корените на ова славно семејство, веќе ни е јасно дека колекцијата ќе биде многу шаренолика.

1

2

3

MAC објави како изгледа соработката со мајката и ќерката Озборн,  а открија и дека колекцијата се состои од два дела, една линија на Кели и една на Шерон. Преовладуваат виолетови, портокалови, земјени и кремасти нијанси на бои на кармини, потоа тушеви за очи, руменила, моливи за усни, како и неколку четки за шминкање. Заедничко за двете колекции е драматичноста и раскошноста- карактеристични за овие две дами. Производите ќе бидат достапни на почетокот на јуни.

4

5

6

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава(Не)среќни до крајот на животот
Следна објаваCoca Cola | Светски фудбалски куп 2014
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ