01

Како го замислувате совршениот дом? Повеќе ви се допаѓаат модерно уредените ентериери, или, пак, сте од оние кои не можат да им одолеат на старите и рустични куќички? Доколку припаѓате на втората група, тогаш овој преубав стан ќе ве воодушеви. Неодоливо сладок, романтичен и по малку магичен, може да се пофали со прекрасен изглед во кој се вљубувате на прв поглед. Стилизиран е колоритно, но многу суптилно, балансирајќи помеѓу повеќето нијанси од неутралната и пастелната палета на тонови. Во секоја просторија доминираат рустичните парчиња мебел и шармантните винтиџ декорации, освежени со внесот на нежните бои и цветните мотиви. Изборот на разиграни тапети со различни дезени и фините ткаенини дополнително го облагородуваат амбиентот со живост и динамика. Иако делува многу опуштено и непретенциозно, сепак, ваков дизајн не е нималку лесно да се постигне во станбениот простор, имајќи предвид дека сите соби се уредени во ист стил и со еднаква посветеност на деталите. Во продолжение, погледнете ги фотографиите и откријте кое катче од станот најмногу ве инспирира. Полн е со убави идеи, па доколку сте непоправливи романтичари, можеби токму тука ќе ја пронајдете омилената и за вашиот дом.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

13

14

15

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШепотот на слоновите
Следна објаваЖивотот е убав | Ben Brand
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ