001

По нешто повеќе од една година успешно работење, дизајнерското студио [Just Because.] реши да ослободи еден мал креативно-концептуален простор за млади, но и етаблирани имиња од домашната дизајнерска сцена.

002

Свое место во концептуалниот простор на [Just Because.] ќе најдат креациите на : Ирина Тошева, Ludus, Project time, Chic Undercowear и Аcid Wear, а почетокот на убавата соработка ќе го одбележи настанот ,,Just Because is MOVING ON’’, кој ќе се случи оваа среда со почеток од 20 часот.

Доколку сте за опуштена дружба зачинета со многу љубов и добар дизајн, но и по некоја пијачка, повелете во концептуалната продавница на [Јust Because.] (во уличката позади поранешно Кинг Бургер).

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗошто жените го прават тоа?
Следна објаваТрендовски парчиња по пристапни цени
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ