Несекојдневни столчиња

Дали сте во потрага по нов сет столчиња за седење, а сакате нешто оригинално и несекојдневно? Тогаш, погледнете го овој сет на речиси “живи” столчиња, збирка на дизајнерот Maximo Riera. Колекцијата содржи неколку видови на животинки, вклучувајќи октопод, морж и носорог. Секој стол ги задржува природните виталности на животното и изгледа биолошки, потполно точно. Се разбира овие столчиња се направени од вештачки материјали, а мотивот за изработка на истите е почит кон овие животни и целото животинско царство на планетата земја. Оваа збирка на столчиња како што вели дизајнерот, претставува обид да се одрази убавината на природата во секојдневните работи. Тој смета дека секојдневните предмети кои ги користиме, во голема мера се досадни и банални, па затоа се потрудил да направи нешто уникатно.

“Додека размислував за неговата основна намена, воедно се трудев и да тоа изгледа што е можно пореално, како би се создала посилна врска помеѓу набљудувачот, парчето предмет и околината” – вели уметникот Maximo Riera.

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР