1

Можеби не е најубавиот и најудобниот стан кој некогаш сте го виделе, но со сигурност ќе ве инспирира со веселиот амбиент и функционалноста, постигнати во само 18 м2. Уреден е модерно и стилски, со избор на белата боја како доминантна во ентериерот – ваквиот потег визуелно го зголемува станот, давајќи му светол изглед и комфорно чувство. И покрај минијатурната површина, станот содржи се’ што е потребно за удобен живот, благодарение пред се’ на неколкуте креативни решенија во дизајнот. Eдно од нив е флексибилната спална соба, која со само еден потег може да се склопи до ѕидот, и обратно. Во ходникот е паметно поставен голем плакар, кој одлично го компензира недостатокот од доволно простор за складирање. Со оглед на малите димензии, дневната соба, кујната и спалната соба се поврзани во една целина со отворен распоред, а единствена засебна просторија е малата, но добро екипирана бања. Полицата над креветот истовремено служи како држач за телевизорот и полица за книги. Веселите розови тонови, слатките детали и свежите декоративни билки внесуваат ведрина во ова мало катче, па навистина тешко е да му одолеете. Нам многу ни се допаѓа, а вам? Погледнете како изгледа, и ,,украдете’’ ја омилената идеја за вашиот дом.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

СПОДЕЛИ
Претходна објаваHouse of Holland | очила пролет/лето ’14
Следна објаваИдеи за свечени фризури
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ