Што би правел јас без тебе – Гијом Мисо

Што би правел јас без тебе – Гијом Мисо

што би правел јас без тебеЗнаете, книгата често дава чувство на топла прегратка откако успеалa да ве смрзнe до коски, во ненадеен миг… во случајов, истата нуди безлично прашање на избор: помеѓу Оној кој ти дал срце и Оној што направил да чука – мора да се признае, едноставната отменост на Мисо е единствениот пишан повод на денешницава која позитивно би обвило сечие оптимистично, но истовремено реално срце…

Габриел е девојка на релација Париз – Сан Франциско; кариера – исполнет живот; правда – семејство. Со очигледен конфликт на интереси, се што и е приоритет е благосостојбата на нејзиното работно место, стабилноста на нејзиниот живот, вечната потрага по компетентен сопатник.

Но како?
Како, кога случката која по никаква должност не се однесува на неа, и го менува животот од корен?
Како, кога татко и е познат крадец, моментално единствениот осомничен за кражбата од Лувр, единствениот таргет на избраникот на нејзиното срце?
Како, кога двајцата во исто време се појавуваат во нејзиниот живот, повторно?

Начинот и содржината на обновените врски со двајцата најинфлуентни мажи во нејзиниот живот остануваат во нејзина надлежност… она што е на Вас, е да не послушате и да ја прочитате при прва прилика!

Коментари

коментари

Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.