Убавината на руските жени отсекогаш била своевидна мистерија. Тие имаат совршена фигура, а шминката и фризурата им се секогаш беспрекорни. Што е тајната на нивниот шарм и шик изглед?

7

Убавината на Русинките пред сè се должи на нивниот животен стил. Тие се секогаш во движење, пешачат, пливаат и возат велосипед. Со тоа успеваат да ја одржат формата на телото. Во исхраната најчесто конзумираат овошје и зеленчук, како и традиционалните руски супи и чорби кои се здрави и нискокалорични. Уште еден дар од природата кои овие жени успешно го користат се лековитите растенија и тоа: хмељ, тегавец, коприва и детелинка.  Овие растенија имаат позитивен ефект врз кожата и косата и се мошне здрави кога се пијат како чај.

1

2

За разлика од времето на Советскиот Сојуз, денес во Русија може да се купат најновите и најпознатите брендови на производи за тело, лице и коса. Со оглед на тамошниот животен стандард, жените можат да си дозволат буквално секакви третмани за нега на телото и духот. Па така, покрај физичката активност, Русинките не пропуштаат да отидат и на масажа, сауна, спа-третман и сл. Кога станува збор за шминка и фризура, Русинките му даваат предност на природниот изглед. Повеќето од нив имаат природно истакнати црти на лицето, па не им треба многу шминка за да ја нагласат убавината. Најчесто користат маскара и сенка за очи. Скоро сите Русинки имаат светол тен и неретко експериментираат со светли кармини и сјаеви во црвени, кафеави и розови нијанси. Парфемот е неизбежен во секоја можна комбинација и исто како Парижанките, Русинките се совршени во овој аспект.

3

4

5

6

Како што можеме да заклучиме, жените во Русија се софистицирани, уникатни и вистински дами од кои може многу да се научи за стилот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧовечки ликови на платно
Следна објаваЕдиторијал | Анџелина Џоли за ELLE US
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ